Заштита на приватноста

Ljupčac

Правила на заштита на личните податоци на веб страницата www.vegeta-natur.mk

1. Општи информации

Овие Правилa за заштита на приватноста (во понатамошниот текст Правила) опишува кои
ваши лични информации ги собираме, како ги обработуваме и за какви цели ги користиме,
како и вашите права поврзани со вашите податоци.
Подравка ДООЕЛ., Петровец, Македонија, Мултифункционална зона Ќојлија ул. 9, бр. 4, ЕДБ
4030992253046 (во натамошниот текст “Подравка” или “ние”) ги обработува личните
податоци на корисниците на своите услуги и на посетителите на www.podravka.hr во
согласност со важечките прописи со кои е регулирана заштитата на личните податоци (Општа
уредба за заштита на податоци 2016/679).
Ние ја почитуваме вашата приватност и ги обработуваме вашите лични податоци фер и
законски, единствено врз основа на валидни правни основи, што е, во согласност со вашата
согласност за обработката.

2. Начинот и цели на обработката на личните податоци

Промотивни пораки
Пристапот до веб-страницата www.podravka.hr е бесплатен и не бара регистрација. Доколку
сакате да добиете промотивни пораки за нашите производи и услуги, можете да изберете
едноставно пријава на вашата е-пошта во веб образецот без да се регистрирате. Во секое
време, може да се откажете од примање на промотивни пораки со избирање на опцијата за
повлекување на согласноста за примената промотивна порака.
Анкети и прашалници
Преку анкети и прашалници, собираме информации за вашето задоволство од нашите
производи и други корисни информации за да ги прилагодиме на вашите потреби и со цел
промовирање на односите со јавноста. Резултатите од спроведените анкети или прашалници
се чисто резиме и анонимни. За да учествувате во анкети или прашалници, мора да ја
доставите вашата e-mail адреса преку веб-образецот.
Промотивни наградни игри
Повремено организираме наградни игри и други натпревари. Личните податоци што ги
собираме на овој начин се обработени исклучиво со цел реализација на наградниот
натпревар, т.е. наградната игра (на пр. објавување на името на победникот за контактирање
со победникот, доставување на наградата и сл.). За да учествувате во игра или натпревар, ни
требаат вашето име, презиме, е-пошта, телефон за контакт и адреса за да ја доставиме
наградата. Доколку е потребно, може да побараме дополнителни информации кои ќе бидат
дефинирани во Правилата на наградата игра (на пример број на сметка)
Собраните податоци ќе ги избришеме по 12 месеци од денот на објавувањето на победникот.
Ако сте се согласиле да примате промотивни пораки за наградни игри и натпревари преку
формуларот за апликација во секое време може да се откажете од примање на промотивни
пораки со избирање на понудената опција за повлекување согласноста во примената
промотивна порака.
Контактирање
Доколку ни се обратите со ваши прашања, информациите кои притоа ни ги давате ги
обработуваме исклучиво само за да ви ги обезбеди бараните информации. Откако ќе
одговориме на вашето прашање, ќе ги избришеме доставените податоци.
Личните податоци кои се нужни за решавање на приговор при рекламација на производ се
чуваат 24 месеци од денот на приемот во согласност со прописите со кои се уредуваат правата
на потрошувачите.
Отворени работни места
Информациите што ги доставувате до нас преку апликациите за отворени работни места се
обработуваат единствено со цел спроведување на процесот на селекција за вработување и се
чуваат две години.

3. Приматели на лични податоци

Подравка ќе ги доставува вашите лични податоци до други приматели само врз основа на
законска обврска, односно по оправдано барање од овластено јавно тело (на пр. Судови).
Доколку е потребно, личните информации ќе бидат пренесени и до сигурните партнери
(извршители на обработка) со цел да овозможат поддршка на клиентите, одржување на
информативниот систем, истражување на пазарот или слични потреби, со задолжителна
доверливост и мерки за заштита на податоците.
4. Заштита на личните податоци
Собираните лични податоци ги обработуваме со почитување на потребните законски,
технички и организациски мерки за безбедност за да се спречи каква било неовластена
обработка на податоците. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние
вработени на кои им се потребни овие информации при давањето на нашите услуги. Ние
постојано ги едуцираме нашите вработени за важноста на доверливоста и заштитата на
приватноста и заштитата на вашите податоци. Ние само собираме информации што се
неопходни за обработка на предметот и не ги чуваме понатаму од она што е потребно,
односно одредено со законските прописи.

5. Вашите права

Во секое време можете да побарате од нас информации за обработка на вашите лични
податоци и да побарате остварување на следниве права:
• право на пристап до податоци кои што се однесуваат на вас
• корекција или дополнување на вашите лични податоци за да секогаш бидат точни
• бришење на лични податоци (освен ако не постојат оправдани основи за чување на
податоците)
• ограничување на обработката на личните податоци, на пр. кога се приговарате за точноста
на личните податоци и додека не ја потврдиме нивната точност
• Повлекување на согласноста за обработка на податоци (на пр. примање на промотивни
пораки)
Ако сметате дека некое од вашите права е повредено, можете да поднесете тужба до
Дирекција за заштита на личните податоци преку контактактот:
бул.„Гоце Делчев“бр. 18,, 1000 Skopje е-пошта info@privacy.mk

6. Контакт за заштита на личните податоци

Барањата, поплаките или прашања во врска со обработката и заштитата на личните податоци
може да се испратат на е-пошта info@podravka.com.mk
Во согласност со важечките законски регулативи кои ја регулираат заштитата на личните
податоци, секое барање / прашање ќе се реши што е можно поскоро и најдоцна во рок од 30
дена од приемот.
Кога контактираме и ги разгледуваме овие барања, ние ќе направиме разумни напори да го
потврдиме вашиот идентитет и да спречиме неовластена обработка на личните податоци.
Службеник за заштита на податоци
Подравка ДООЕЛ
Мултифункционална зона Ќојлија, Улица 9 бр.4
1043 Петровец – Скопје
тел. ++389 2 2650 134
факс. ++389 2 2650 134
моб. ++389 72 304960
info@podravka.com.mk

7. Политика на заштита на податоци на други веб-страници на трети особи / трети страни

На оваа страница ќе најдете линкови до други веб-страници или портали. Политиките за
приватност на овие портали може да биде различна од овие Правила.
На нашата страница, можеме да ви понудиме и линкови за на социјалните мрежи, кои ви
овозможуваат да споделувате на лични информации на социјалните мрежи. Затоа, ве
молиме, бидете свесни за правилата за заштита на личните податоци што се применуваат на
страниците на другите портали или социјални мрежи или од трети страни.
Во случај на промена на овие Правила, ние ќе ве известиме за тоа на оваа страница и ќе го
ажурираме датумот на промена на политиката за приватност подолу како што следи.
Овие Правила последен пат беа изменети на 24.05.2018 година.

Koja majica ti najbolje pristaje?

Izaberi motiv i veličinu majice koju želiš osvojiti

Majica
Majica
Majica
Majica

Pošalji svoj rezultat

Upišite svoje podatke kako biste se mogli natjecati i osvojiti nagrade

Ime i prezime su nužni

Email je nužan

Adresa je nužna

Kontakt telefon je nužan

Prihvaćam pravila nagradnog natječaja

Prihvaćanje pravila nagradnog natječaja je nužno

Došlo je do greške. Molimo pokušajte ponovno.

Podaci su uspješno poslani. Hvala ti na prijavi!

Prijava uspješna!

Tvoj rezultat je spremljen! Hvala ti na igranju.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња

Поставки